
На Факултетот за ликовни уметности – Сулиан вечер во 20.30 часот ќе биде отворена фотографска изложба „Аја Софија (Истанбул) – Светлината на тишината“ на авторите Изет Керибар и Мехмед Озџај.
Настанот се реализира во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје.
-Фотографската изложба „Света Софија – Светлината на тишината“ од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озџај се среќава со љубителите на уметноста. „Света Софија“ како уметничко дело плени не само со својата архитектура и историска вредност, туку и со својот внатрешен мир и безвременска естетика, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на фестивалот „Скопско лето“




