дома Локално Нови лулашки, обновени клупи, побезбеден простор: Реновирани две детски игралишта во Карпош

Нови лулашки, обновени клупи, побезбеден простор: Реновирани две детски игралишта во Карпош

Општина Карпош продолжува со обновување на детските игралишта и урбаната опрема на своја територија. Во рамки на тековниот проект за санација и реконструкција, заменети се старите и оштетени реквизити на уште две локации наменети за најмладите жители.

На игралиштето на улицата „Никола Парапунов“ поставени се нови лулашки, обновени се клупите и санирана е останатата урбана опрема, со што просторот е уреден за побезбедно користење.

Реконструктивни зафати се извршени и на детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката Вардар. Таму се обновени и зацврстени делови од реквизитите, извршено е фарбање на урбаните елементи, а реновирани се клацкалките и лизгалките. Дополнително, заменети се и дотраените дрвени конструкции.

Од Општина Карпош информираат дека активностите за реконструкција на оштетените детски игралишта ќе продолжат и во следниот период, со цел создавање побезбедни и поквалитетни места за игра и дружење на децата.

Предходна73 лица го користат бесплатниот „Сервис за стари лица“ во Центар
СледнаОд денеска српска полиција ќе става ред во Охрид