дома Свет Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 3.685

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 3.685

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 3.685, соопшти во понеделник Министерството за информации на земјата.


Речиси 18.000 луѓе останаа без покрив над главата по земјотресот, соопштија властите, објави Ројтерс.
Претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез, изјави дека 16.740 луѓе се повредени, додека 17.854 се раселени и сместени во привремени засолништа.
Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени по Рихтер се случија на 24 јуни, со разлика од 39 секунди, а најтешко го погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира.

ПредходнаЃоковиќ го победи Оже-Алијасим и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон по повеќе од пет часа
СледнаУставен ќе одлучува по иницијативата на Левица