дома Македонија Економија Пад на инфлацијата во јуни

Пад на инфлацијата во јуни

 Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статситика.

Пад на инфлацијата во јуни Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %.

Зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата и Ресторани и услуги за сместување за 0.3 %, Здравствена заштита и Информации и комуникации за 0.2 %, Облека и обувки за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Услуги за образование и Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец

ПредходнаБез струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров
СледнаУште едно лице убиено за време на проверка од страна на имиграциските служби во САД