дома Култура „Кинотека на Скопско лето“ – седум филмски вечери на македонската филмска уметност

„Кинотека на Скопско лето“ – седум филмски вечери на македонската филмска уметност

 Од денеска до 17 јули, во соработка со Кинотеката на Македонија, фестивалот „Скопско лето“ ја претставува програмата „Кинотека на Скопско лето“, посветена на македонската филмска уметност.

„Кинотека на Скопско лето“ - седум филмски вечери на македонската филмска уметностВо текот на седум филмски вечери, публиката ќе има можност да ужива во селекција на значајни македонски филмови од истакнати домашни автори.

Сите проекции ќе се одржат во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:15 часот. Билетите се достапни на karti.com.mk, а ќе можат да се купат и пред почетокот на проекцијата во Кинотека.

На првата филмска вечер се филмови на Стефан Сидовски – Сидо, на 10 јули  филмот „Најдолгиот пат“ во режија на Бранко Гапо, на 11 јули „Хај Гај“ во режија на Владимир Блажевски, на 14јули е филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски, на 15 јули е филмот „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски, на 16 јули е филмот „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски и на последната вечер е филмот „Барајќи ја среќата“ во режија на Марија Џиџева.

ПредходнаМакедонски млади стрип-таленти на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања
СледнаМакедонскиот КИЦ во Софија го отвори новиот програмски циклус чествувања со омаж на Петре М. Андреевски