дома Македонија Власта не даде поддршка да се востановат државни награди Блаже Конески и...

Власта не даде поддршка да се востановат државни награди Блаже Конески и Ремзи Несини

Пратениците од власта не дадоа поддршка на предлогот да се востановат две нови државни награди посветени на Блаже Конески и Ремзи Несими.
Предлогот на опозициската СДСМ не доби доволен број гласови на Комисијата за политички систем.
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ рече дека се работи за двајца истакнати културни дејци. Наградата „Блаже Конески“ би се додлеувала на 19 декември, а наградата „Ремзи Несини“ во втората половина на декември.
За да се обезбедат финансиски средства за двете награди, СДСМ има поднесено амандман на ребалансот на Буџетот.

ПредходнаЕБОР одобри 30 милиони евра за помодерни патишта и побезбеден сообраќај во Црна Гора
СледнаМицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање