дома Локално Скопје повторно ќе наздрави со стил, по осми пат „Вино на штикли“

Скопје повторно ќе наздрави со стил, по осми пат „Вино на штикли“

На терасата со Рагуза 360 Rooftop вечерва ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, настан кој веќе прерасна во препознатлива градска приказна за виното, стилот, музиката и софистицираното уживање.

И оваа година, настанот ќе понуди богато винско доживување преку внимателно селектирани над 200 вина од домашни и странски винарии.

„Вино на штикли“ е вечер во која виното, гастрономијата, музиката и стилот се спојуваат во едно целосно сензорно искуство. Организаторите најавуваат незбаоравна вечер со  вкусни деликатеси, модно изненадување и музичка програма во живо, која оваа година ќе ја збогати Бернарда Бобовечки со акустичен настап.

Настанот останува верен на својата препознатлива енергија  да ја слави женственоста, самодовербата, креативноста и љубовта кон доброто вино, но истовремено да биде отворен и за сите џентлмени и вински љубители кои знаат да препознаат префинет вкус, добра етикета и вечер со посебен карактер.

ПредходнаДевет земји-членки со писмен допис до Комисијата на ЕУ во врска со граничните контроли
СледнаСДСМ по седницата на ИО: Секоја дебата треба да се води пред органите и телата на партијата, а не надвор од неа