По седумнаесетти пат, од денес тргнува патувачкото кино на „МакеДокс“ низ шест населени места и градови, продолжувајќи ја својата мисија да го донесе документарниот филм на големо платно до места каде што ретко има можност да стигне.

Годинашното патување почнува од Неготино, каде проекцијата ќе се одржи кај Спомен-костурницата. Веќе утре патувачкото кино ќе гостува во Пепелиште, во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“,а на 13 јули продолжува во Демир Капија, на градското Шеталиште. На 14 јули ќе биде во Долни Дисан, во ООУ „Гоце Делчев“, додека последните две филмски вечери ќе се одржат на 16 јули во Негорци, во ООУ „Ристо Шуклев“, и на 17 јули во Гевгелија, во ООУ „Јосиф Јосифовски“.
Седумнаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм, а проекциите се бесплатни.




