дома Локално Kаде по Скопјево ќе нема струја

Kаде по Скопјево ќе нема струја

Поради закажани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска дел од жителите на општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија, соопшти ЕВН Македонија.

Планираниот прекин ќе трае од 09:30 до 14:30 часот, а ќе ги опфати делови од улиците „Борис Сарафов“, „Македонска Преродба“ и „Знеполе“.

Од компанијата информираат дека прекинот е предвиден поради редовни активности за одржување и модернизација на електродистрибутивната инфраструктура. Воедно, ги повикуваат граѓаните навреме да ги организираат своите обврски согласно најавениот термин.

ПредходнаСин на пратеник уапсен за обид за изнуда
СледнаВикендов промена на времето