Според мерењата на УХМР се покажаа дека најсвежо ова утро е на Попова Шапка со измерени 11 степени, по што следи Берово со 12 степени Целзиусови.
Најтопло е во Гевгелија со 24 степени, па следи Струмица како еден од најтоплите градови во осум часот, со измерени 20 степени.
Во Скопје утринава се измерени 19 степени, соопшти УХМР.
Денешниот ден ќе биде претежно сончев, проследен со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
ВИКЕНД НАЈАВА:
Прогнозата на УХМР за сабота најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во недела се очекува дестабилизација на времето, со локална појава на пороен дожд, грмежи и умерен до засилен ветер, кој ќе дува претежно од северозапад. Од понеделник повторно следува период на претежно стабилно, суво и топло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.





