Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Северна Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија.

Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во процесот на проширување на Европската Унија, опишувајќи го како механизам што ја попречува интеграцијата и не служи никому.
Додал дека отсекогаш бил на мислење дека ветото во евроинтегративиот процесот не му служи никому.
-Тоа се заложнички и во суштина се неконструктивни и не се корисни за приближување на земјите кон ЕУ. Да се наметне вето на патот кон отворање преговори, не е европско, нагласил Рама, објави АТА.




