На плажа на Дојранското Езеро пронајдена е артилериска граната од Првата Светска Војна.

Дирекцијата за заштита и спасување денеска соопшти дека гранатата била со калибар од 100 мм и тешка 13,6 килограми.
– Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица” М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион, информира ДЗС.


