Драстичен скок на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика одлучи дизелот да поскапи за 5,5 денари за литар, а бензините за денар ипол.
Од полноќ новата цена на дизелот ќе биде 88 денари за литар, на Еуросупер БС-95 ќе биде 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 89 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 4,50 ден/лит, што значи дека новата цена ќе биде 86,00 ден/лит.
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот за 0,938 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 42,168 ден/кг.




