Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство пред речиси два дена, откако ја победи Норвешка по продолженија и пресврт, а херој беше Џуд Белингам кој постигна два гола. Сепак, нешто помалку од 48 часа подоцна, Викторија Бекам привлече внимание

Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство пред речиси два дена, откако ја победи Норвешка по продолженија и пресврт, а херој беше Џуд Белингам кој постигна два гола. Сепак, нешто помалку од 48 часа подоцна, Викторија Бекам привлече внимание.
Имено, целиот свет ги обиколи сликите од ложата каде што седеше семејството Бекам, на кои сите еуфорично го слават голот на Белингам. Најемотивен беше Дејвид, познатиот фудбалер кој играше за Англија на три Светски првенства во текот на својата кариера.
View this post on Instagram
Сепак, додека сите слават, Викторија Бекам е во „свој свет“ и речиси и да не покажа никаква реакција, барем судејќи според фотографиите. Затоа, токму на еден пост поврзан со нејзината реакција, во кој беше нападната преку сарказам, одговори Дејвид Бекам, кој мораше да ја одбрани својата сопруга:
– Верувајте ми, и таа славеше, само не го покажа тоа. Нејзините реакции беа малку побавни од моите – напиша Бекам со емотикон во форма на смеење, што сугерира дека не бил лут, туку дека сакал да ја одбрани својата сопруга од негативни коментари.
Пред две години, Викторија Бекам рече:
„Никогаш не сум уживала во гледањето фудбал. Никогаш не сум се чувствувала навистина добредојдена. Не го кажувам ова во смисла на: „Кутрата јас“, но никогаш не било толку забавно како што е денес“.




