дома Македонија Реконструкцијата на Владата пред пратениците

Реконструкцијата на Владата пред пратениците

Реконструкцијата што ја направи премиерот Христијан Мицкоски се очекува денеска да се најде пред пратениците.

Пленарната седница е закажана во 11 часот, а на дневен ред се три точки – предлогот за разрешување на членови на Влада, предлогот за разрешување на заменици министри и предлогот за избор на членови на Влада.

Според направената реконструкција, Собранието треба да ги разреши министерот за правда Игор Филков, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, министерот за култура Зоран Љутков, министерот за локална самоуправа Златко Перински, министерот за здравство Азир Алиу, министерот за социјална политика Фатмир Лимани, министерот за односи меѓу заедниците Иван Стопилковиќ и министерот без ресор Шабан Салиу.

Трансфер ќе прави досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински кој ќе треба да ја преземе функцијата директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Транфер прави и досегашниот министер за односи со заедниците Иван Стоилковиќ кој треба да го презеде ресорот локална самоуправа. Една позиција повисоко добива досегашниот заменик-министер за социјална политика Ѓоко Велковски кој ќе биде унапреден во министер за социјална политика.

Кормилото во здравството ќе го презеде актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Без функција остануваат досегашниот министер за здравство Азир Алиу, министерот за социјална политика Фатмир Лимани, министерот за култура Зоран Љутков, министерот за правда Игор Филков, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и министерот без ресор Шабан Салиу.

Со реконструкцијата, коалицискиот партнер ЗНАМ го губи министерското место во правда, а за замена го добива министерското место во земјоделство каде треба да седне Борче Серафимовски.

Коалицискиот партнер Вреди како нови министерства ќе ги добие Министерството за правда каде е предложен Јетон Шасивари, Министерството за односи со заедниците каде е предложен Агон Ферати и Министерството за култура кое ќе треба да го води Седат Сулејмани.

На местото на министерот без ресор Шабан Салиу е предложен кадар од ВМРО-ДПМНЕ – Ерџан Демир.

На пленарната седница треба претседателот на Владата да ја образложи смената на министрите, а новите министри се бираат со мнозинство од вкупниот број на пратеници. Дебатата трае два дена.

На вицепремиерското место за добро владеење со кое раководеше Арбен Фетаи кој си даде оставка, нема да биде назначено ново лице, туку овој сектор, како што неодамна изјави Мицкоски, ќе го води лице од неговиот Кабинет.

Реконструкцијата, Мицкоски ја прави на половина на неговиот мандат.

ПредходнаКлматските промени со климатска инфлација и закани за драстично поскапување на храната
СледнаОхрид повторно е светска уметничка сцена, отворено 66. „Охридско лето“ со оперската дива Јахо и тенорот Кастроново