дома Македонија Момчиња пливале во Треска и биле однесени од надојдената вода поради испуст...

Момчиња пливале во Треска и биле однесени од надојдената вода поради испуст на браната Матка

Три момчиња од кои едно на 18 години и две на 15 години кои се капеле во реката Треска биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија.

Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека другите две лица беа пронајдени низводно по течението на реката Треска.

Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека сите три лица се спасени и немаат видливи повреди.

Пријавата е примена на Единствениот број за итни повици 112, а во акцијата за спасување учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица, полициски службеници, екипа на Итната медицинска помош и жители на Општина Сарај.

ПредходнаРистоска за Талир 2“: Како истите докази водат до две различни пресуди – прво осудителна, а потоа ослободителна
СледнаСрбија: 44,9 проценти би гласале за студенти, 35,7 проценти за СНС: Нова анкета на CRTA го покажа расположението на граѓаните