Судењето за таткото на Вања Ѓорчевска се враќа на повторно судење, одлучи Апелацискиот суд кој ја укина ослободителната пресуда на Кривичниот суд.
Предметот е вратен на повторно постапување и одлучување. Според обвинението, таткото на Вања, Александар се товареше дека давал информации за времето кога неговата ќерка излегувала на училиште, наводи што тој во текот на постапката ги негираше.

Истовремено, Апелацискиот суд ја потврди пресудата за доживотен затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев осудени за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Апелација одлуката ја донела на 10 јули, откако во мај беше одржана јавна седница на која беа разгледани списите, жалбите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје.




