Прес конференција на АКТ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавуваме нова бомба, по истиот рецпет: фирми блиски до власта пумпаат пари на народот преку милионски договори и тендерски шеми.
Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на „Маратон гроуп” блиска до влста.
Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години.
Сите од Државна лотарија и Државна видеолотарија, договори за надворешно и внатрешно рекламирање на автобусите на ЈСП Скопје.
Нема нови еколошки автобуси за скопјани ама има 1,5 милион евра за омилените фирми блиски до власта.
ЈСП тоне и нема пари за нафта, резервни делови и плати, ама за приватната фирма „Маратон” со само 11 вработени има пари.
Затоа во 2025 година остварила чист нето профит од над 700.000 евра!
Само на скопјани нема кој ништо да им обезбеди и нема кој да им плати.
Но, внимавајте сега, тука не завршува скандалот.
АКТ откри дека и бизнис партнерите на сопственикот на „Маратон”, Љупчо Костовски, исто така добиваат тендери и илјадни евра народни пари од оваа власт.
Погодувате, шемата е иста, мрежа на фирми кои се меѓусебно поврзани.
Поранешен соосновач во фирма со Костовски, Ристо Петков, е сопственик на компанијата „С.И.А. МЕДИА ДООЕЛ Скопје”.
Со доаѓањето на ВМРО на власт, и оваа поврзана фирма има склучено договори вредни 458.875,00 евра.
„Другарите” од ВМРО трупаат тендери и добиваат пари.
Над 2 милиони евра, пари на граѓаните.
Кој сето ова го обезбедил и кој стои во позадина?
Одговорот води до врвот на ВМРО и Владата на Мицкоски – актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев.
Познато е дека уште во 2017 година како директор на ЈСП Скопје потпишува деструктивен десетгодишен договор со фирмата „Маратон” на неговиот близок пријател Љупчо Костовски.
Јанушев свесно го укина маркетинг секторот на ЈСП Скопје за претпријатието, наместо самостојно да го продава својот рекламен простор да се вклучи „Маратон”.
Сега пред истекот на овие 10 години, власта ги храни своите фирми пред повторно да им го продолжат договорот за нови 10, 15 или повеќе години, ќе видиме.
Ова е класичен пример како парите на граѓаните се испупуваат и завршуваат во џебовите на луѓе блиски до ВМРО.
Почитувани,
Антикоруцпскиот тим досега има откриено скандали тешки 150 милиони евра а ниту обвинителството, ниту останатите институции нешто преземаат. Сите молчат.
Нашата порака е јасна: одговорносѕт ќе има. Кога државата ќе им припадне на граѓаните повторно, одговорност ќе има за секој украден денар! Сите ќе одговараат.
Доаѓа времето на правдата и одговорноста.





