-„Денес во посета ми беше оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“ – млади талентирани музичари кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија.
Тие се огромна гордост за сите скопјани, но и вистински амбасадори на Македонија, на македонската музика, култура и традиција.
За нивната посветеност говорат бројните хуманитарни концерти, како и освоените први награди за најдобар средношколски оркестар во Македонија.
Круна на нивниот досегашен успех е освоеното прво место со почесни заслуги – „First Prize with Honors“, на Меѓународниот натпревар во Њујорк, каде што се претставија со репертоар целосно заснован на македонската народна музика.
Со ова големо признание, оркестарот доби и официјална покана за концертни настапи во престижни сали во Њујорк, САД, на 5 и 6 септември оваа година.
Ова е успех со кој сите мораме да се гордееме!
Градот Скопје и јас, како градоначалник, ќе бидеме нивна силна поддршка во остварувањето на овој голем сон.
Нивниот настап во Њујорк ќе биде радост и гордост за Скопје и за цела Македонија.
Дечки, продолжете храбро и достоинствено!
Претставувајте ги Македонија, македонската песна и нашата богата традиција во најдобро светло.
Исклучително сме горди на вас!”, напиша градоначалникот во својот Фејсбук пост.





