дома Македонија Обвинителството бара притвор за сопружниците кои го убија лекарот Трповски

Обвинителството бара притвор за сопружниците кои го убија лекарот Трповски

Обвинителството ќе бара притвор за двајцата сопружници кои го убија лекарот Ацо Трповски кај поликлиниката Железара.

– Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за лицата кои го сториле ова кривично дело. Се работи за двајца сопружници. За осомничената, Обвинителството ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за кривично дело убиство од член 123 став 1, односно за помагање во извршување ова кривично дело, а за лицето кое е нејзин сопружник за кривично дело убиство од член 123 од Казнениот законик, изјави попладнево обвинителката Елена Жакула.

Вели дека имаат цврсти докази, а за мотивот за убиството вели дополнително ќе информираат.

– Во оваа фаза можам само ова да ви го кажам дека сега за сега располагаме со цврсти докази, а дополнително ќе бидете известени за мотивот, рече Жакула. 

Расчистено убиството на паркинг во Железара: Сопружници осомничени за ликвидацијата на докторот Ацо Трповски

ПредходнаНа таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдена пресудата за останатите кои ги киднапираа и убија Вања и Панче
СледнаЕСС утре на состанок, на дневен ред нема мерки за ублажување на кризата, но не е исклучено да се разговара