дома Македонија Левица: Со назначување на Ана Виткова за член на РКЕ целосно се...

Левица: Со назначување на Ана Виткова за член на РКЕ целосно се партизира институцијата

Левица реагира на номинирањето на Ана Виткова за член на Регулаторната комисија за енергетика. Со нејзиниот избор за член на РКЕ, според Левица, РКЕ станува целосно узурпирана од партиска кадри на власта.

– Во две години владеење Мицкоски целосно завладеа со РКЕ преку поставување на партиски кадри на ДПМНЕ во (по правило) независното енергетско тело. Во септември 2024 година парламентарното мнозинство за член на РКЕ ја избра претседателката на Комисијата за енергетика при ДПМНЕ – Елена Маркова Велинова, која ги смени своите ставови за цената на електричната енергија веднаш по седнување на регулаторното столче. Мицкоски си го назначи за претседател на РКЕ Ацо Ристов – поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ДПМНЕ, кој е и дирекно инволвиран во енергетскиот бизнис. Целосната вмровска окупација на РКЕ ќе заврши со изборот на Ана Виткова која моментално работи како советник во кабинетот на премиерот, велат од Левица.

ПредходнаПоради супервештачење направено по наредба на Кривичниот суд е преквалификувано обвинението за Латас
СледнаЕУ да биде стабилна затоа нови правила преку нон-пејпер за аспирантите