По објавата дека е повлечено обвинението за Драган Павловиќ- Латас со реакција се јави опозициската СДСМ според која ова е уште еден доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и правосудството.

– Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија. Европската унија бара независно судство и независно обвинителство. Додека Мицкоски има контрола врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, Македонија не може да напредува кон ЕУ. Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе, велат од СДСМ.
Кривичниот суд денеска соопшти дека е повлечено обвинението против новинарот Латас во случајот Тотал што го водеше поранешното Специјално јавно обвинителство.




