дома Свет Германец обвинет за силување на 14 жени, под истрага се уште 60...

Германец обвинет за силување на 14 жени, под истрага се уште 60 можни жртви

Берлинскиот обвинител денес поднесе обвинение против 68-годишен германски државјанин за 22 случаи на сексуален напад и силување на 14 жени кои, според истрагата, претходно биле онеспособени од апчиња за спиење и алкохол, додека истражителите веруваат дека бројот на неговите можни жртви би можел да достигне 60.


Според берлинскиот обвинител, осомничениот, кој по професија е електричар и е во притвор од март, е обвинет за снимање на силувањата со камера, поради што обвинението вклучува и повреда на правата на жртвите на сопствен лик, според „Гардијан“.
Истрагата, врз основа на пронајдените видео снимки, утврди дека тој можеби извршил кривични дела против вкупно 58 жени, од кои десет сè уште не се идентификувани.
Според обвинителството, осомничениот претходно ги пронашол жените преку платформи за онлајн запознавање, по што им дал разни апчиња за спиење во комбинација со алкохол, а потоа ги силувал.
Жените кои досега беа испрашувани изјавија дека не се сеќаваат на наводните напади и дека дознале за нив дури откако истражителите ги пронашле видеата.
Обвинителството изјави дека осомничениот сè уште не се изјаснил за виновен по обвиненијата.
Случајот е откриен по дојава од полицијата на Долна Саксонија, која на почетокот на 2025 година истражувала слични обвинувања против друг маж, кој подоцна починал.
Истражителите веруваат дека тој бил во контакт со осомничениот од Берлин преку онлајн преписка.
По дојавата, полицијата го претресла станот на осомничениот во една од берлинските населби и пронашла голема количина дигитален материјал.
Во текот на 2026 година, истражителите пронашле неколку видеа од сексуални напади за кои се сомнева дека ги извршил обвинетиот меѓу запленетите досиеја.
Полицијата повторно го претресе неговиот стан во март оваа година и тогаш го уапси.

ПредходнаРечиси 5.000 жртви во земјотресот во Венецуела
СледнаХрватска: Бура проследена со дожд и силен ветер ја погоди Пула и околината