„Зголемувањето на даноците, особено во сегашната многу напната ситуација во винската индустрија, би бил сосема погрешен сигнал“, изјави портпаролот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ за аграрна и прехранбена политика, Јоханес Штајнигер.
Владата ја започна постапката за нацрт-закон кој, почнувајќи од 1 јануари следната година, предвидува зголемување на данокот од 20 проценти на жестоки пијалоци како рум и вотка.
Ова ќе донесе дополнителни приходи од 455 милиони евра годишно, очекува министерот за финансии Ларс Клингбеил.
Треба да има повисока давачка за пенливо вино и шампањ, но не и за пиво и обично вино.
Клингбеил, кој е од СПД, исто така ја објасни мерката со причини поврзани со здравствената политика.
Комисија назначена од Министерството за здравство препорача зголемување на даноците и процени дека, како резултат на намалувањето на консумирањето алкохол, околу 1.000 случаи на рак би можеле да се спречат годишно.
За билтенот „Политико“, Штајнигер ги критикуваше постапките на Клингбеил, наведувајќи дека тој не преговарал за зголемување на даноците со демохристијаните.
Данокот на пенливо вино беше воведен на почетокот на минатиот век од страна на Германската империја со цел да се финансира воената флота.
За шише од 750 милилитри, таа давачка моментално изнесува 1,02 евра, ако пијалокот содржи повеќе од шест проценти алкохол.




