дома Македонија Црна хроника Преку социјална мрежа ѝ средувал кредит: 44-годишна жена ја измамиле за 50.000...

Преку социјална мрежа ѝ средувал кредит: 44-годишна жена ја измамиле за 50.000 денари

Речиси 50.000 денари ја чинеле лажни трошоци за наводен кредит. Измамена 44-годишна жителка на неготинското село Долни Дисан, која пријавила дека била измамена за вкупно 49.087 денари.

– Според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но, кредит не добила, по што случајот го пријавила во полициска станица – појаснија од СВР – Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

 

ПредходнаМицкоски: Реформската агенда е исполната, вечерва одам на Пивофест
СледнаЗабрана за конзумирање на водата за пиење во Гостивар, заразени голем број граѓани