дома Македонија Црна хроника Доживотен затвор за Петар Станковски за убиството кое ја потресе Македонија

Доживотен затвор за Петар Станковски за убиството кое ја потресе Македонија

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, а трагичниот настан се случил на 11 јануари годинава во стан во Богданци каде што мајката и синот живееле како потстанари.

 

По расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот Станковски со повеќе удари со ножеви и ножици ја усмртил својата мајка, а потоа се пријавил во полиција.

Станковски беше обвинет за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“, а пресудата е донесена откако тој ја признал вината пред судот.

Од Основниот суд Гевгелија информираа првостепената пресуда е донесена откако обвинетиот ја признал вината пред судот, а тој останува во притвор до правосилнота на пресудата

ПредходнаРистоска контра Савески: Лично го известив ако ги повлече овластувањата ќе поднесам оставка
СледнаСудот одлучи: Климатизацијата може да се користи на терасата