ВМРО-ДПМНЕ вечерва го обвини СДСМ за случајот со труењето во Гостивар. Во соопштение ВМРО-ДПМНЕ наведува дека поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош.
– Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Бараат итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани.
– На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




