Сончево и многу топло време се очекува денес. Максималната температура ќе се движи од 33 до 39 степени, а минималната од 13 до 22 степена. За попладне се најавува изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, максималната температура ќе достигне до 38 степени, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи.
Топлото време ќе се задржи и следните два дена кога локално дневната температура ќе достигне до 40 степени. Во вторник се очекува на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во среда ќе дува засилен северен ветер кога температурите ќе опаднат за неколку степени.




