Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, а трагичниот настан се случил на 11 јануари годинава во стан во Богданци каде што мајката и синот живееле како потстанари.

По расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот Станковски со повеќе удари со ножеви и ножици ја усмртил својата мајка, а потоа се пријавил во полиција.
Станковски беше обвинет за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“, а пресудата е донесена откако тој ја признал вината пред судот.
Од Основниот суд Гевгелија информираа првостепената пресуда е донесена откако обвинетиот ја признал вината пред судот, а тој останува во притвор до правосилнота на пресудата




