дома Магазин Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Како што објави ФИФА, на Винчиќ ќе му помагаат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ во недела во 21 часот на стадионот во Њу Џерси.
Винчиќ (46) е судија со богато меѓународно искуство и, меѓу другите натпревари, судел и финалето на Лигата на Европа во 2022 година помеѓу Ајнтрахт и Ренџерс, кое им припадна на Германците, и финалето на Лигата на шампионите во 2024 година во кое Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд.
Ова е второ Светско првенство за Винчиќ по Катар 2022 година. На ова првенство, тој судеше два натпревари од групната фаза: Бразил – Мароко (1:1) и Јордан – Алжир (1:2), како и натпреварот од осминафиналето помеѓу Мексико и Еквадор (2:0).

ПредходнаЦГ: Весна Меденица ослободена од обвинението за злоупотреба на службената должност
СледнаЦрна Гора: Двe македонски државјанки уапсени под сомнение за кражба