дома Македонија Политика ЕУ назначи главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан

ЕУ назначи главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан

ЕУ назначи главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан

  Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“.

Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со перспектива за членство во исполнувањето на критериумите за пристапување.

Маковец до неодамна беше шеф на кабинетот на еврокомесарката за проширување Марта Кос. Претходно беше директор во Европската служба за надворешно дејствување, каде што беше задолжен за Западен Балкан, Турција, земјите од Европската економска област и за односите со Обединетото Кралство по Брегзит, потсетува „Н1“.

Пред тоа Маковец извршувал повеќе високи функции во словенечката дипломатска служба и во Владата на Словенија.

ПредходнаСДСМ: ЕК го потврди она што го зборува СДСМ – Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судствотото
СледнаАнтикорупциска утврдила дека пет лица во моментов истовремено извршуваат по две функции