Повеќе од 100 згради беа уништени во петокот во пожар во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, околу 50 км западно од главниот град Осло, објави Ројтерс.
Повеќе од 60 пожарникари се бореа да го локализираат пожарот поради силниот ветер .
Нема извештаи за жртви или исчезнати лица.
Полицијата евакуираше стотици луѓе бидејќи пожарот се прошири во околната шума.
Причините за пожарот се разјаснуваат .




