дома Магазин Премиерот на пиво фест во Прилеп

Премиерот на пиво фест во Прилеп

Мицкоски на Пиво фест во Прилеп: Ваквите настани се потврда дека поддршката и непосредната комуникација се важни за секоја заедница

  Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Пиво фест во Прилеп.

-По одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва присуствував и на Пиво Фест во Прилеп. Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Тој порачува дека ваквите настани се уште една потврда дека заедништвото, непосредната комуникација и поддршката на локалните манифестации се важен дел од животот на секоја заедница. 

ПредходнаОвие знаци имаат најсилна карма
СледнаПробиштип на 24 и 25 јули ќе биде домаќин на „Летниот фестивал“