дома Свет Двајца убиени, осум повредени во руски напад врз Киев

Двајца убиени, осум повредени во руски напад врз Киев

Две лица се убиени, а осум се повредени во руски напад врз Киев, соопштија денес украинските власти.


„Според прелиминарните информации, две лица за жал се убиени во рускиот напад, а осум се ранети“, соопшти канцеларијата на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, според агенцијата Укринформ.
Кличко потврди дека во областа Соломјански се запалени трикатна деловна зграда и петкатна станбена зграда.
„Жителите се спасуваат преку прозорци со помош на противпожарен камион со скали. Досега се спасени четири лица“, рече градоначалникот.
Државната служба за вонредни ситуации објави дека избувнал пожар во нестанбена зграда во областа Шевченки, при што загинало едно лице, а осум други биле повредени.

ПредходнаТрамп: Смртта на американските војници е трагедија, a казна се нови напади врз Иран
СледнаТиранинот НЕРОН и пожарот во Рим