дома Свет Трамп: Смртта на американските војници е трагедија, a казна се нови...

Трамп: Смртта на американските војници е трагедија, a казна се нови напади врз Иран

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека смртта на американските војници е трагедија, но дека мисијата во Иран останува клучна.


Трамп ги бранеше акциите против Иран откако американската војска објави дека започнала нови воздушни напади за да го казни Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГК) за нападот во Јордан во кој загинаа двајца американски војници, објавува Њујорк пост.
„Го направивме тоа затоа што не сакаме Иран да добие нуклеарно оружје. Тоа само покажува колку се лоши“, рече американскиот претседател.
Двајца американски војници беа убиени во петокот додека се бранеа од напад на ирански балистички ракети и беспилотни летала, објави во меѓувреме Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
Уште еден војник е исчезнат, додека четворица други кои беа однесени во болници поради повреди подоцна беа пуштени на домашно лекување, се додава во соопштението.
На прашањето дали планира да контактира со семејствата на загинатите војници, Трамп одговори: „Секако дека ќе го сторам тоа. Секогаш го правам тоа. Да.“
Претходно во саботата, Трамп изјави за „NewsNation“ дека воопшто не е загрижен за најавата на Техеран дека се повлекува од Меморандумот за разбирање меѓу двете земји, истакнувајќи дека војниците загинале служејќи ја својата земја.

Трамп, исто така, ги бранеше своите постапки откако некои демократски членови на Конгресот рекоа дека тој е виновен за смртта на војниците.
„Дали некогаш сте се запрашале колку луѓе загинале во Виетнам? Дали некогаш сте се запрашале колку луѓе загинале во Авганистан за еден ден? За еден ден, под водство на „поспаниот“ Џо Бајден“, рече Трамп.

ПредходнаДодека јавноста ги очекува резултатите, партиите си ја префлаат вината за труењето во Гостивар
СледнаДвајца убиени, осум повредени во руски напад врз Киев