дома Локално Печатна грешка, вели Ѓорѓиевски за стариот билборд, поставен нов со фотографии од...

Печатна грешка, вели Ѓорѓиевски за стариот билборд, поставен нов со фотографии од знаменитости на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели печатна грешка биле грешките на билбордот „Добредојдовте во Скопје“ што експресно беше отстранет откако наиде на реакции во јавноста поради петте нозе на Букефал и капата на Александар Македонски.
– Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните, пишува во објавата на Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Ѓорѓиевски упати и критики до опозицијата.
– Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти. Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат! Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ,,Добредојде во Скопје”, кој руиниран стоеше така со години, вели скопскиот градоначалник.
Тврди дека новиот билборд не го чини Градот ништо, туку дека трошоците се на компанијата која го изработи билбордот.
На новиот билборд има фотографии од кулата на скопското Кале, Камениот мост на реката Вардар, кањонот Матка, Старата скопска чаршија и споменикот „Воин на коњ“.
ПредходнаВо Гостивар прогласена епидемија, се чекаат резултатите која ќе ја откријат причината
СледнаПо 50.000 литри вода дневно за граѓаните на Гостивар