По која цена македонските граѓани ќе точат горива ќе биде познато утре кога Регулаторната комисија на енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата.

Со оглед на тензиите на Блискиот исток повеќе од веројатно е дека ќе има нов скок на цените, што вчера го потврди и премиерот Христијан Мицкоски најавувајќи намалување на акцизите за горива без притоа да прецизира кога ќе се случи тоа.
– Немаме направено калкулација за покачувањата, но ќе има секако, бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатата недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела, изјави Мицкоски.
Пред некој ден Владата донесе и одлука со која до 20 октомври ја продолжи кризната состојба.
Според последната одлука на РКЕ, драстично скокна дизелот за 5,5 денари за литар, а бензините заа 1,5 денари за литар.




