Многу топлото време продолжува и денес со можност за локален пороен дожд попладне. Ветерот ќе дува од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а дневната ќе биде повисока од вчера и ќе се движи од 33 до 39 степени.

Во Скопје, минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Топлото време ќе се задржи и во понеделник, а веќе во вторник се најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.




