Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ што беше поставен на влезот на источната страна на градот е тргнат по бурата реакции во јавноста.
На билбордот коњот Букефал имаше една нога повеќе, а Воинот на коњ беше со капа наместо со антички шлем.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски пред само еден ден во објава на социјалните мрежи објави видео од поставувањето на билбордот.




