дома Свет Сирени и експлозии во Манама, главниот град на Бахреин

Сирени и експлозии во Манама, главниот град на Бахреин

Денес во Манама, главниот град на Бахреин, се огласија сирени за воздушен напад, по што следуваа експлозии, потврдија очевидци.

„Сирената се огласи. Ги повикуваме граѓаните и жителите да останат смирени и да се упатат кон најблиското безбедно место“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на оваа држава од Персискиот Залив, според порталот „Галф њуз“.
Кувајтската армија соопшти дека нејзината воздушна одбрана „дејствувала врз непријателските беспилотни летала“.
Генералштабот на кувајтската армија соопшти дека сите слушнати експлозии се резултат на системите за воздушна одбрана кои ги пресретнуваат непријателските напади.
Иранската револуционерна гарда (ИРГК) претходно денес соопшти дека нападнала американски воени цели во Кувајт.
„Иранските сили целосно уништија американски радарски систем за рано предупредување во напад со беспилотни летала. Во одделен напад, тие погодија магацин за опрема и делови за авиони, како и хангар за беспилотни летала MQ-9 во воздухопловната база Али Ал Салем, предизвикувајќи пожар на неколку беспилотни летала“, се вели во соопштението на ИРГК, додавајќи дека американските воени авиони стационирани на аеродромот Акаба во Јордан биле цел и претрпеле „тешка штета“.

ПредходнаВелика Британија денес добива нов премиер
СледнаНовак Ѓоковиќ го заменува тенисот со овој спорт… или само се шегува?