дома Свет Украина ги бомбардираше Москва и нејзината околина со 400 дронови

Украина ги бомбардираше Москва и нејзината околина со 400 дронови

Украина лансираше 400 дронови против Москва и нејзината околина преку ноќ, соопштија руски официјални лица, цитирани од Ројтерс.

Во нападите беа повредени две лица , а беа предизвикани и пожари во згради.

„Во текот на ноќта, силите за воздушна одбрана и системите за електронско војување одбија напад со беспилотни летала врз Московскиот регион. Главните последици беа регистрирани во областите Подолск, Домодедово и Одинцово“, напиша гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов на Телеграм.

Тој рече дека две лица се повредени, а неколку објекти од цивилната инфраструктура се запалиле и претрпеле материјална штета.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека помеѓу 20:30 и 5:00 часот наутро по локално време, над 400 „непријателски дронови“ биле лансирани врз Московскиот регион.

 Повеќето од нив беа неутрализирани од системи за воздушна одбрана со долг дострел, вклучувајќи 85 кои беа уништени додека се приближуваа кон руската престолнина.

Најголемиот руски онлајн трговец на мало „Вајлдберис“ денес објави дека неговиот логистички центар во Подолската област е евакуиран како превентивна мерка, но потоа продолжил со нормално работење.

Во саботата, во напади со украински беспилотни летала загинаа седум работници во магацин на „Вајлдберис“ и беа повредени десетици други, додека друг напад предизвика пожар во складиште за нафта во пошироката московска област.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за воздушна одбрана собориле 381 украински беспилотни летала во текот на ноќта над руските региони, како и над Црното и Азовското Море.

ПредходнаОд попладне промена на времето, дожд и засилен ветер до петок
СледнаСАД воведуваат дополнителни тарифи од 50 проценти за одредени канадски производи