дома Свет Ер Франс ги суспендира летовите до Дубаи и Ријад

Ер Франс ги суспендира летовите до Дубаи и Ријад

 Француската авиокомпанија Ер Франс ги суспендираше летовите до Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и Ријад во Саудиска Арабија поради безбедносната состојба во регионот, објави компанијата денес.


„Безбедноста на нашите патници и екипаж е наш апсолутен приоритет“, се вели во соопштението за медиумите на Ер Франс, која ја донесе одлуката поради влошувањето на безбедносната состојба по интензивирањето на иранските напади врз земјите од Персискиот Залив, пренесува BFM TV.
Летовите до Ријад ќе бидат суспендирани до 24 јули, или до 25 јули за летови од саудиската престолнина, додека летовите до Дубаи ќе бидат суспендирани до 27 јули, или до 28 јули за летови од тој град.
Компанијата изјави дека континуирано го следи развојот на геополитичката ситуација на дестинациите и во воздушниот простор каде што работат нејзините авиони, нагласувајќи дека продолжувањето на летовите ќе зависи од понатамошната проценка на безбедносните услови на терен.

ПредходнаЦените на нафтата се задржаа близу петнеделниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток
СледнаМакедонскиот „Стрип-креатор” во трка за престижна награда на фестивалот „ Супертјун/ Supertoone ” во Шибеник