дома Македонија Економија Инспекции во Гостивар по загадувањето на водата

Инспекции во Гостивар по загадувањето на водата

Забраната за некористење на водата за пиење во Гостивар останува додека со анализи не се потврди нејзината безбедност, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов кој се надева дека во најбрз можен рок гостиварци ќе добијат технички исправна вода за пиење.
Миланов повтори дека водата не е ниту за пиење, ниту за подготвување храна. Нагласи дека веќе и е наложено на Општината да изврши дехлорирање и деарсенизација.
Истовремено, како што посочи Миланов, продолжуваат вонредните инспекциски контроли во Гостивар на објектите за приготвување на храна.
Последниот извештај за квалитетот на водата, според Миланов, е од 13 јули од Центарот за јавно здравје од Гостивар кога водата била безбедна за пиење.

ПредходнаЃорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит
СледнаНе се знае колку нафтени резерви имаме – Агенцијата не доставила извештаи за четири години