дома Македонија Општество Петнаесет повредени во невремето во Скопје, двајца потешко, примени во две клиники,...

Петнаесет повредени во невремето во Скопје, двајца потешко, примени во две клиники, огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“

   Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”.

Од девет повредени, две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака.

Шесте повредени кои се примени на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”,   имаат посекотини и набиеници и се третираат амбулантски. Посочија дека тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување.

– Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при пад на дрво и го закачиле гранките, еден е повреден од лим кој паднал од некој покрив, а еден е повредени од паднати керамиди .

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски за МИА изјави дека кај нив не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета. Засега најголема штета имаме на кровот и кровната конструкција.

Предходна„Beach Film Festival“ по деветти пат во Охрид
СледнаРусија: Германија развива нуклеарно оружје