
Штетните долгорочни последици, како што посочува, вклучуваат хронично воспаление и синдром на пропустливи црева, долготрајни дигестивни проблеми како синдром на иритабилно дебело црево (IBS) и хронична дијареа, колонизација со супербактерии отпорни на антибиотици преку внесување на резистентни гени од отпадните води, нарушен имунитет и зголемен ризик од автоимуни и метаболички заболувања и влијание врз менталното здравје преку оската црева-мозок поради намалено производство на невротрансмитери.
Дали е некој свесен за овие потенцијални долгорочни здравствени проблеми на Гостиварчани? Колкав е финансискиот импакт?, прашува доктор Ристески.




