Два тaнкера што превезуваат саудиска нафта наменета за Кина и Индија го сменија курсот во Црвеното Море вчера откако јеменските Хути, сојузници на Иран, се заканија дека ќе нападнат бродови што превезуваат саудиска нафта, отворајќи нов фронт во конфликтот меѓу САД и Иран.

Трамп: Ако се случи, ние ќе се погрижиме за тоа
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хутите сè уште не го затвориле Баб ел-Мандеб, теснецот што ги поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив, и се закани дека САД ќе интервенираат доколку тоа се случи.
„Досега тоа не се случило. Ако се случи нешто слично, ние ќе се погрижиме за тоа“, рече Трамп.
Конфликтот меѓу САД и Иран дополнително ескалираше откако американските сили извршија напади преку ноќ врз цели на југ и запад од Иран, додека Иран ги таргетираше американските цели во Бахреин, Кувајт и Јордан.
Убиени 18 американски војници
Брод во Хормуз беше погоден од ракета
Во исто време, британската агенција за поморска безбедност UKMTO објави дека танкер во Ормутскиот теснец бил погоден од ракета, поради што екипажот го напуштил бродот и се качил на чамци за спасување.
Поради прекини во поморскиот сообраќај, цените на нафтата пораснаа за повеќе од два проценти, при што цената на барел Брент надмина 91 долар.




