дома Локално Сончево и ветровито, температури до 34 степени

Сончево и ветровито, температури до 34 степени

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денес. Ветерот ќе биде од северен правец којшто ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје утринската температура ќе се спушти до 13 степени, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

Нов влажен бран се најавува за во петок кога наместа врнежите ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне.

За викендот ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.

ПредходнаЕУ го одобри спојувањето на „Парамаунт“ и „Ворнер Брос“, но со строги услови
СледнаСудењето на Мадуро ќе започне на 1 јуни 2027 година во Њујорк.