дома Локално Дождливо и посвежо време, за викендот стабилно

Дождливо и посвежо време, за викендот стабилно

Синоптичарите за денес најавуваат променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер со брзина над 50 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 20 до 27 степени.

Во Скопје, слично време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

ПредходнаТелма: Вработен во гостиварски „Комуналец“ починал десет дена пред да почнат да работат пумпите
СледнаOpenAI признава дека вештачката интелигенција е надвор од контрола. Тие сакаат да воведат прекинувач за убивање во САД