Собранието денеска треба да го избере Зулфиќар Зејнула за министер без ресор со што се заокружува изборот на новите министри опфатени со реконструкцијата на Владата.
Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците и со него премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на јули потпиша договор за политичко партнерство.

Зејнула е роден во Гостивар, а по професија е дипломиран криминолог. Во периодот од 2021 до 2024 година работи како заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 2018-2021 година како советник во Општина Гостивар.
Претходно, на 13 јули беа избрани и останатите осум министри во рамки на реконструкцијата што ја направи премиерот Христијан Мицкоски.





