дома Македонија Вработен во Центар за вработување излажал корисник на социјална помош и си...

Вработен во Центар за вработување излажал корисник на социјална помош и си присвоил 18.000 денари

Вработен во Центарот за вработување од Прилеп побарал и примил поткуп во висина од 18.000 денари од корисник за социјална помош од селото Бело Поле.

Осомничениот тоа го сторил во периодот од 23 април до 24 јули годинава.

Корисникот на социјална помош и неговата сопруга на 23 април добиле СМС порака од Агенцијата за вработување да се јават на обука за работа, а осомничениот му рекол дека доколку ја одбие обуката ќе му ја укинат социјалната помош, а за да не се случи тоа побарал од него да му дава половина од социјалната помош односно 6.000 денари.

Осомничениот исто така му ветил дека ќе ја евидентира неговата сопруга во електронскиот систем на Агенцијата како активен барател на работа, иако таа немала контролен картон и не го доставувала во Центарот на увид.

Следниот ден, корисникот на социјална помош во канцеларијата му однел 4.000 денари, а потоа уште 2.000 денари и продолжил месечно да го исплаќа. При предавањето на последниот износ од 6.000 денари на 24 јули е приведен.

Осомничениот се товари за кривично дело – Примање поткуп.

ПредходнаОсмани пак ја црташе преговарачката рамка на табла, Муцунски му возврати дека нема легитимитет да држи лекции
СледнаДимитриески: Најчесно би било оние кои заминуваат да го вратат мандатот